fbpx

Cadillac го претстави Escalade Sport Edition

Cadillac ги откри првите детали за првата специјална верзија на актуелната верзија на Escalade наречена Escalade Sport Edition

Од компанијата коменитрат дека возилото е развиено со идејата за оние корисници кои не се плашат од темните бои и кои бараат едно поинакво чувство од својата кола. Escalade Sport Edition се разликува од стандардната верзија на луксузниот теренец со сјајно црна изведба на надворешноста, вклучувајќи ја на сите елементи и рамки, како и на уникатни Midnight Silver 22-инчни бандажи.

Во опремата на Cadillac Escalade Sport Edition се вклучени исто така 6.2-литарски V-облик, осемцилиндерски мотор со максимална моќност од 420 коњски сили, а корисниците можат да избираат меѓу верзии со погон на две и четири тркала.

Во стандардната и дополнителната опрема исто така фигурираат модул за 4G интернет конекција, автоматски паркинг асистент, климатизирани предни и задни седишта, волан со греење, аудио Bose® Centerpoint со 16 звучници и други.

Поврзани вести

Back to top button