Новиот Nissan Juke доаѓа догодина
Еден од најчудните, но и најуспешни модели на Nissan, Juke, ќе добие втора генерација и таа ќе се појави и на пазарот во Европа, но со одредено задоцнување
При промоцијата на Juke во 2010 година, агресивниот и нетипични дизајни освои многу обожаватели, но исто така и многу противници. Но, уште поважно е дека Juke го отвори патот за промоцијата на субкомпактните кросовер модели кои стануваат успешни, како во Европа, така и надвор од Стариот континент.
Втората генерација на Juke требаше да дебитира оваа есен, но на крајот моделот беше одложен за 2019 година. Новиот Juke е базиран на платформата CMF-B на Renault-Nissan, која се користи и кај Nissan Qashqai, Nissan X-Trail, Renault Kadjar и Koleos, што значи дека треба да очекуваме повеќе форми кај новиот јапонскиот кросовер.
Заедно со тоа ќе има и нова, богата гама мотори, како и хибридна верзија. А, во блиска иднина Nissan ќе предложи и целосно електрична верзија на Juke. Би требало да очекуваме дека барем дел од дизајнот на новиот Juke ќе биде близок до оној на новиот Kicks, кој компанијата го продава надвор од Европа.
Главниот дизајнер на Nissan и постар потпретседател на компанијата Накамура потврди дека и новиот Juke ќе биде „поинаков од масовните модели“. Освен тоа ентериерот на Juke исто ќе претрпи сериозни промени и моделот ќе добие нов и подобар инфо забавен систем и богата палета можности за персонализација.