fbpx

Хамилтон издржа пред Фетел на Спа

Луис Хамилтон ја освои 58-та победа во кариерата во својата трка број 200 во Formula 1

Луис Хамилтон ја освои 58-та победа во кариерата во својата трка број 200 во Formula 1. Со ова тој се доближи на само 7 поени од предноста на Себастијан Фетел, кој го вркаше по целата дистанца на ГН на Белгија на патеката Спа.

Германецот доби одлична шанса за напад, кога на патеката излезе автомобилот за безбедност по удар меѓу пилотите на Форс Индија, но и покрај помеките гуми не можеше да го и двајцата ги задржаа своите позиции. Со одличен маневар при рестартот и добро темпо во растојанието, трети финишира Даниел Рикиардо со Red Bull, кој се појави пред другите двајца пилоти на Ferrari и Mercedes – Кими Раиконен и Валтер Ботас.

Фетел

Шести финишира Нико Хулкенберг, кој исто така возеше во одличен ритам за Renault. Зад него се наредија Ромен Грожан (Haas) кој искористи се од сите проблеми и спорови на противниците, а зад него се пласираше Фелипе Маса (Williams). Тој го надмина Естебан Окон кој имаше уште една битка со својот совозач Серхио Перез, откако тие на два пати се удрија, а Окон побара да нема казна.

Последен во првите 10 остана Карлос Сајнц со Toro Rosso, а за оваа позиција се бореше со Ленс Строу (Williams), Даниел Квјат (Toro Rosso) и Џолион Палмер (Renault), кои имаа одлично темпо.

Фетел

Со ова се комплетираше 12тата трка во оваа сезона. Веќе следната недела натпреварувањето продолжува, а на календарот се реди големата награда на Италија, односно добро познатата патека Monza. Хамилтон ќе ја брка разликата од 7 поени пред Фетел додека пак на табелата на конструктори Ferrari ќе проба да му се доближи на Mercedes.

Фетел

Поврзани вести

Back to top button