KIA продаде 1.000.000 автомобили во Велика Британија
Англиската поделба на KIA објави дека продажбата на брендот во Велика Британија достигна граница од 1.000.000 единици од почетокот на компанијата во земјата во 1991 година, а јубилејниот автомобил е претставник на моделот Sportage GT-Line.
„Тоа е извонреден успех и сите ние во KIA сме изклучително горди на постигнувањето на овој важен момент од изминатите 30 години“, коментира Пол Филпот, претседател и извршен директор на KIA Британија.
Најдобро продаваниот автомобил на компанијата во Велика Британија за изминатите 30 години е Sportage со 241.912 реализирани примероци (во продажба од 1995 год.), на второ место се подредува Picanto со 191.926 (во продажба од 2004), а на трето е Ceed со 138.253 (во продажба од 2007).
Во првата година од пазарното присуство во Велика Британија, компанијата забележала 1876 продадени автомобили, а реализацијата на брендот за 2018 година била на ниво од 95.764 единици.