fbpx

Двојна победа на Mercedes, дебакл за Ferrari

Луис Хамилтон на Mercedes, на голема радост на домашната публика, ја освои по четврти пат ГН на Велика Британија, што е вкупно петта на патеката во Силверстоун, победа која се покажа многу поважна од сите останатите оваа сезона

Луис Хамилтон на Mercedes, на голема радост на домашната публика, ја освои по четврти пат ГН на Велика Британија, што е вкупно петта на патеката во Силверстоун, победа која се покажа многу поважна од сите останатите оваа сезона.

победа

Токму така, многу важна победа за Британецот, кој беше на чело од стартот до целта во самата трка и со новите 25 поени успеа да ја стопи предноста на Себастијан Фетел на само еден поен во генералниот пласман, кој сепак останува на врвот. Возачот на Ferrari имаше многу пехови во оваа трка, на стартот, потоа во лошата стратегија на неговиот тим со пневматиците, за да на само пет километри пред целта му пукне гума и замина во бокс, па од 4-то до тој момент се најде на 7-то место.

Со денешната победа Хамилтон се израмни со легендата Џим Кларк, кој исто така има пет победи во оваа трка. Возач на денот е Валтери Ботас, кој тргна како деветти, а заврши втор и направи победата на Mercedes да биде двојна. На последното место на подиумот се најде другиот возач на Ferrari, Кими Раиконен, кој исто така имаше проблеми со болидот, но и покрај тоа се движеше пред Фетел.

победа

На стартот Хамилтон како катапулт излета напред, а Фетел го загуби третото место од Макс Верстапен со RedBull, кој реагираше многу подобро.

Потоа Германецот и Макс одржаа отстојание зад Хамилтон и Раиконен, но четирикратниот светски шампион не успеа да помине напред. Наложи да биде повикан порано во боксот и ја преминува стратегијата со измена на гумите, која се покажа како успешна во двобојот со Холанганецот, која на некој начин беше надополнета и од доцнењето на механичарите на RedBull при промената на гумите на Макс, но се покажа фатална за до крајот на трката.

Во тоа време Ботас се проби напред и го стигна прво Фетел, кој беше трети, а потоа и Раиконен, кои веќе потенциравме имаа проблеми со гумите. По проблемите на Фетел четврти заврши Верстапен, следен од клубскиот колега Дениел Рикардо, кој успеа да надмине 14-позиции од стартот, за да заврши како петти.

И Нико Хулкенберг со Renault имаше проблеми со болидот, па заостана за 2 секунди од Рикардо, а во топ 10 се најдоа уште Фетел, пилотите на Force India, Естебан Окон и Серхио Перез, како и Фелипе Маса со Williams. Во генералниот пласман сега Себастијан Фетел има 177, Луис Хамилтон 176, Валтери Ботас 154, Даниел Рикардо 117 и Кими Раиконен 98. Кај конструкторите Mercedes е неприкосновен со 330, пред Ferrari со 275 и RedBull со 174 поени.

Поврзани вести

Back to top button