Европското производство на Nissan X-Trail се пресели во Јапонија
Компанијата Nissan Motors објави дека следната генерација на моделот X-Trail, наменета за европските потрошувачи, ќе биде произведена во Јапонија
Од 2016 година, автомобилскиот гигант овој модел го составува во комплексот на компанијата во Сандерленд, Велика Британија.
„Модел како X-Trail се произведува на неколку места во светот и поради таа причина може да има промени поради бизнис опкружувањето“, коментира Хидеоки Сакамото, извршен потпретседател на единицата за производство и управување со лагерот на Nissan.
„Како и обично, Nissan ги користи оптимално глобалните инвестиции во име на своите клиенти“, додава тој, а од Nissan Motor Company велат дека плановите за производство на следните генерации на Juke и Qashqai остануваат непроменети и врзани со фабриката на брендот во Сандерленд.
„Ние ја преземаме оваа одлука од бизнис гледна точка, поради идниот однос меѓу Велика Британија и ЕУ, кој не помага на компании како нашата да ја планираат својата иднина“, коментира Џанлука де Фичи, претседател на Nissan Europe.
Од Nissan исто така објавија, дека производството во комплексот во Сандерленд го вклучува и 100% електричниот LEAF кој е најпродаван електричен автомобил во Европа со склопени 46.989 единици (+ 177%) минатата година. Надградената верзија на LEAF e+, вклучувајќи ја и новата 62 kWh батерија, ќе биде лансирана во наредните месеци.