fbpx

Влијание на ладното време врз електричните возила

Ладното време има навистина голем ефект врз електричните возила, кој е особено изразен на нивниот опсег на движење

Многу од сопствениците на електрични возила досега имаа можност директно да го искусат влијанието на ладното време и ниските температури врз работниот опсег на своето визило кој значително опаѓа со намалување на температурата на околината. Предупредувањето за ниско ниво на батерискиот капацитет се појавува прилично побрзо и носи остри последици за неподготвените возачи.

Во однос на тоа колку километри се губат од опсегот во вакви услови, ААА-фондацијата спроведе истражување кое покажа дека кога живата се спушта на температура од – 6,6 степени целзиусови и греачот е во употреба, просечниот опсег се намалува за цели 41 проценти.

Ова значи дека возило со опсег од 100 километри во комбинирани услови ќе биде во можност да помине само 59 километри при намалени температури.

 

Оваа фондација тестираше пет различни модели со опсег од најмалку 160 километри. Во оваа група се најдоа BMW i3, Chevrolet Bolt EV, Nissan Leaf, Tesla Model S 75D и Volkswagen e-Golf од 2017 година. Сите модели беа тестирани во специјални лаборатории под контролирани услови со цел да се измери нивната ефикасност при температури од – 6,6 и 35 степени целзиусови, со и без користење на клима уредот. Резулататите беа споредени со оние добиени при надворешна температура од 24 степени целзиусови.

Заклучокот е дека екстремно ладните температури освен што имаат влијание на перформансите на батеријата, исто така влијаат и на нејзината способност да се полни. Тие го ограничуваат регенеративното сопирање, која ја обновува енергијата што би се изгубила за време на забавување или сопирање. Кратко кажано, ќе патувате со намален опсег и ќе треба да одвоите повеќе време од вообичаеното потребно за полнење на возилото.

Од економски аспект пак, ова влијае и на зголемување на оперативните трошоци на електричното возило. Помал опсег значи и почесто полнење на батеријата, што според ААА-фондацијата значи дополнителни 25 долари на секои 1600 километри во услови на температури од – 6,6 степени целзиусови, во споредба со трошокот при температури од 24 степени.

Chevrolet Bolt EV

возила

Но како што спомнавме, големо влијание има и греачот, кој е задолжен за загревање на патничката кабина преку клима уредот. Додека кај возилата со конвенционални мотори, самата топлина од загревањето на моторот се користи за загревање на кабинскиот простор, кај електричните возила ова се постигнува со употреба на батериската енергија. Испитувањата покажаа дека при температури од – 6,6 степени целзиусови, со исклучување на клима уредот, опсегот ќе се намали за просек од само 12 проценти.

Истото влијание е забележано и на тестовите при температури од 35 степени целзиусови. Со оглед на фактот дека клима уредите значително се користат за ладење на кабините во топлите периоди, со вклучен систем за ладење, опсегот на возилата се намалуваат за просек од 17 проценти. Во екстремно топол ден пак, со исклучен клима уред опсегот се намалува за 4 проценти.

 

 

Поврзани вести

Back to top button