Renault Arkana ќе се продава и на други пазари
Светската премиера на концептот Renault Arkana се одржа на автосалонот во Москва во 2018 година
Тогаш беше најавено дека моделот Renault Arkana е создаден специјално за рускиот пазар, а сериското производство ќе започне во средината на 2019 година. Сепак излегува дека моделот ќе се нуди и на други пазари како Кина, Бразил и Јужна Кореја, а во подоцнежна фаза може да пристигне и во Европа. Прво ќе ја видиме неговата корејска верзија, која ќе биде прикажана на саемот во Сеул, кој ќе се отвори на 28-ми март.
Интересно е дека во Јужна Кореја кросоверот ќе се нуди под брендот Samsung, кој има автомобилска поделба. Од Renault објавија неколку слики на кросоверот, кој се разликува од прототипот прикажан пред една година во Москва, по амблемот и бојата. Технички детали не се објавени, но не е исклучено корејската варијанта да е на друга платформа – CMF на алијансата Renault-Nissan.
Пријавено е дека сериската варијанта на XM3 Inspire (името на моделот за Кореја) ќе се појави на пазарот во Јужна Кореја во 2020 година. Засега останува тајна, кога ќе бидат подготвени верзиите за Кина и Бразил, а и информацијата кога ќе биде одлучено дали кросоверот ќе се појави и во Европа.