fbpx

Jaguar Land Rover ќе ги убива бактериите во автомобилот

Ако не сакате да се разболите - купете Jaguar Land Rover автомобил! Ова не е априлска шега, туку изјава на самиот британски производител

Компанијата соопшти дека истражува широк спектар на можности за возачот и патниците кои вклучуваат технологија фокусирана на превенција на болестите. Особено, Jaguar Land Rover изучува како ултравиолетовите зраци може да се користат за запирање на ширењето на бактерии и вируси во автомобилите.

Според компанијата, таа планира да ја интегрира технологијата во климатскиот систем, за да ги неутрализира штетните патогени. Технологијата на ултравиолетовите зраци се користи во медицинската индустрија веќе над 70 години, а Jaguar Land Rover забележува дека таа дури учествува во дезинфекција на водата, филтрацијата на воздухот и стерилизацијата на површините.

Jaguar Land Rover

Процесот е прилично едноставен – патогените се изложени на влијанието на ултравиолетова светлина со бранова должина од 200 до 280 нанометри, што уништува молекуларната структура на нивната ДНК. Додека британскиот производител на автомобили ја разгледува можноста за создавање на истиот систем во автомобилите компанијата наведува дека современиот јонизационен систем создава „трилиони негативно наелектризирани честички“, кои активираат патогени микроорганизми.

Поврзани вести

Back to top button