fbpx

BloombergNEF очекува драстичен пораст на продажбата на ЕВ

Истражувачката служба BloombergNEF очекува годишната продажба на патнички електрични возила да порасне на десет милиони единици во 2025

Истражувачката служба „BloombergNEF (BNEF)” очекува 57% од продажбата на автомобили во 2040 година да биде електрична, така што ќе порасне на десет милиони единици во 2025, 28 милиони во 2030 и 56 милиони до 2040 година.

Повеќе од два милиони електрични возила се продадени во 2018 година, споредено со само неколку илјади во 2010 година. До 2040 година, според BNEF во својот Извештај за електрични возила Outlook 2019 (EVO 2019), 57% од продажбата на патнички возила и повеќе од 30% од светската флота на патнички возила се очекува да бидат електрични.

BNEF верува дека продажбата на патнички возила со мотор со внатрешно согорување веќе го достигнала врвот и може никогаш да не закрепне освен ако растот на ЕВ не се поколеба или пак, големите економии како што е Кина, инвестираат во значајни програми за стимулирање на моторите со внатрешно согорување.

BloombergNEF

Порастот на продажбата на ЕВ е воден од зголемената достапност на ЕВ и строгите прописи за емисија. Како што цените на батериите за ЕВ продолжуваат да паѓаат, BNEF очекува еднаквост на цените на електричните возила и возилата со мотор со внатрешно согорување, до средината на 2020 година во повеќето сегменти. Иако ќе има големи разлики меѓу географските сегменти и сегментите кај возилата.

Затегнувањето на прописите за издувната емисија, забележа дека производителите на автомобили реагираат со зголемување на новите модели на ЕВ кои ќе бидат лансирани во наредните пет години. Меѓутоа, постојат повеќе од една милијарда возила на патитата, а ЕВ сè уште се помалку од 0,5% од светската флота на возила. За ова да се промени ќе биде потребно време.

Вкупната глобална флота на патнички возила ќе продолжи да расте до 1,68 милијарди возила во 2040 година, главно водено од побарувачката во економиите во развој. Ова е пониско од многу други предвидувања, вели BNEF EVO 2019, бидејќи истражувачот зема предвид користење услуги како Uber, делење автомобил преку car-sharing услугите, урбанизација, демографија и секако автономија на возилата, сериозно се намалува растот на побарувачката на возила, особено во 2030-тите.

„До 2040 година очекуваме 500 милиони патнички ЕВ на патиштата и над 40 милиони комерцијални ЕВ”.

BloombergNEF

BNEF согледува дека електрификацијата се шири и во другите сегменти на возилата, покрај патничките. Електрификацијата на глобалната автобуска флота е веќе во тек со повеќе од 400.000 електрични автобуси на патиштата. Продажбата на комерцијални електрични фургони и камиони ќе биде забрзана во 2020-тите.

До 2040 година, BNEF очекува 56% од продажбата на лесни комерцијални возила и 31% средни комерцијални возила во Кина, САД и Европа да бидат електрични. Тешките камиони за долги дестинации ќе бидат потешки за електрификација, каде што природниот гас и водородните горивни ќелии ќе имаат главна улога.

BNEF EVO 2019, во својата прогноза вели дека Кина и понатаму води во продажбата на ЕВ во сите сегменти. Кина ќе изнесува 48% од пазарот на продажба на патнички ЕВ во 2025, 34% во 2030 и 26% во 2040 година.

BloombergNEF е примарна истражувачка служба на „Bloomberg” и покрива чиста енергија, напреден транспорт, дигитална индустрија, иновативни материјали и стоки.

Поврзани вести

Back to top button