fbpx

Bridgestone – новина во работењето на Олимпико

Покрај пневматици од врвните светски докажани брендови, во иднина македонскиот дистрибутер Олимпико на своите клиенти ќе нуди гуми и од Bridgestone

– Кога зборуваме за квалитет, најголем избор на пневматици од светските докажани брендови, искуство кое трае веќе 26 години, сервис со најсовремени услови, тогаш секако мислиме на најдобриот центар за гуми на овие простори – Олимпико, истакна Горан Цветанов во име на компанијата на прес конференцијата по повод најавата на соработката со новиот бренд, јапонскиот Bridgestone и претставување на гамата на зимски пневматици за претстојната сезона.

olimpiko press
Олимпико станува дистрибутер за Bridgestone

– Bridgestone, со европско седиште во Брисел, во Белгија, е клучна регионална подружница на корпорацијата, која гордо го носи епитетот најголема светска компанија за гуми, чија централа е во Токио. Компанијата е основана во 1931 година од страна на Шојиро Ишибачи. Името на компанијата буквално значи „камен мост“ – директно наследство на основачот на компанијата, чие семејство Ishibashi значи токму тоа. Тој постои како независна компанија до 1988, кога ги купува американските производители на гуми Firestone Tyre & Rubber Company.

Секој четврти автомобил во светот што слегува од производните линии на светските гиганти е опремен со гуми Bridgestone. Компанијата ги обновува автомобилите на многу автомобилски конгломерати, како што Бојко Бојчевсе: Volkswagen, Ford, BMW, Mercedes, General Motors, Peugeot, Renault, Toyota и Fiat, како и камионските: Mercedes, Renault, Volvo, Scania, MAN, DAF и Iveco. Bridgestone има над 140 технологии и производство на сертифицирани во повеќе од 20 земји ширум светот. Технологијата и безбедноста се двата клучни зборови во филозофијата на компанијата, истакна во своето излагање, Бојко Бојчев, продажен менаџер од регионалната подружница на гигантот во Бугарија. Тој ги посочи највредните производи на компанијата, истакнувајќи пред тоа дека се изработуваат од материјал со највисок квалитет и врвни технологии, па затоа гумите на Bridgestone се секогаш меѓу најбараните.

Зимска понуда

Особен апостроф беше даден на гамата на зимски пневматици, а претставниците на Олимпико гордо соопштија дека продолжуваат со напорна работа и успех, а ја преставија и гамата на зимски пневматици од Michelin и неговите брендови : BFGoodrich, Тigar и Kleber. Олимпико за оваа цел дава предсезонски попусти и тоа -30% на нови зимски гуми со вклучена гратис монтажа, како и намаление од -30% за промена на летни со зимски гуми. Оваа акција важи се до 31 октомври 2017 година, па затоа не губете време и подгответе го вашето возило за зимските денови.

Поврзани вести

Back to top button