Nissan e- NV200 постави нов светски рекорд
Фургонот Nissan e-NV200 постави нов светски рекорд меѓу автомобили со електричен погон, откако успеа да повлече товар со тежина над 1 тон, соопшти јапонската компанија
Фургонот Nissan e-NV200 постави нов светски рекорд меѓу автомобили со електричен погон, откако успеа да повлече товар со тежина над 1 тон, соопшти јапонската компанија. Ова достигнување се случи во Австралија, а од Nissan очекуваат истото да биде регистрирано и во Гинисовата книга на рекорди. На приколка, влечена од електричниот автомобил, била натоварена еко-куќата на холивудската ѕвезда Маргот Роби, со тежина точно од 1.017 килограми.
Nissan Intelligent Mobility
https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=xF3ga6yEzoo
За време на снимањето, актерката се движела зад товарното комбе со новиот Nissan Leaf. Токму Роби, која стана светска ѕвезда со ролјата во Волкот од Волстрит, е и заштитно лице на компанијата која ги произведува најпопуларните електромобили на планетата. Што се однесува до Nissan e-NV200, според документите на производителот, можат да повлече товар со вкупно 470 КС. Електричниот модел беше освежен пред неколку дена, со нова батерија со капацитет од 40 kW / h. Таа обезбедува опсег од 280 km (според европски циклус NEDC).