fbpx

Најпопуларните електромобили и хибриди во 2017 година досега

Продажбата на електрични автомобили и хибриди постојано поставува нови и нови рекорди во светот

Продажбата на електрични автомобили и хибриди постојано поставува нови и нови рекорди во светот.

Глобалните конверзии на електромобилите и хибридите за полнење покажуваат стабилен раст.
Новиот рекорд на ова поле е регистриран во август – нови сопственици на вакви автомобили станаа вкупно 103.000 лица.

Plug-inОва е 64% повеќе од истиот месец минатата година. Вкупно за осумте месеци од почетокот на годината во светот се реализирани 651.000 електромобили и Plug-in хибриди што е за 47% повеќе од истиот период минатата година. Одредени се и лидерите на овој пазарен сегмент, каде на првата позиција е Tesla со 59.263 продажби, пред кинескиот BYD со 57.288, а трети се BMW со 55.683 единици. BAIC со 44.227 автомобили и Nissan со 36.728 се во Top 5 на најпродавание во овој сегмент. Нај баран модел е Plug-in хибридот Toyota Prius Plug-In – 35.109 парчиња, а најпопуларен електромобил во светот е Nissan Leaf – 33.455 единици.

Во прогнозите на аналитичарите трендот за раст на продажбата на електричните и Plug-in хибридите ќе се задржи и понатаму, особено имајќи предвид дека на пазарот пристигне долгонајавуваниот Tesla Model 3.

Поврзани вести

Back to top button