Bugatti го претстави Centodieci, наследникот на EB110
Развиен во чест на EB110, Centodieci доаѓа со квази-ретро дизајн и ограничена серија од само 10 примероци
Францускиот производител го претстави својот најнов хиперавтомобил, инспириран од иконски модел од неодамнешното минато на фирмата. Наречен Bugatti Centodieci, овој модел доаѓа во ограничено издание, а е дизајниран и развиен во чест на EB110 со квази-ретро дизајн.
Како и Divo и La Voiture Noire, Centodieci ја користи основата на Chiron. Како резултат, автомобилот има карбонски монокок кој завршува под кабината и се поврзува со рамка која го подржува 8,0 литарскиот W16 погонски агрегат. Погонот во голема мера е пренесен од Chiron, со модификации во поглед на моќноста, која кај Centodieci изнесува 1.577 коњски сили при 7.000 вртежи во минута, 98 коњски сили повеќе од стандардниот.
Во поглед на перформансите, бројките се прилично импресивни. Забрзувањето од 0 до 100 km/h е за инзвонредни 2,6 секудни, 200ката ја достугнува за 6,1 секунда, додека пак 300 km/h развива за 13,1 секунди. Максималната брзина на Centodieci е ограничена на 378 km/h.
Покрај јасната пропорционална корелација со Chiron, Centodieci се разликува од заоблената естетика на Bugatti, со поправоаголна силуета инспирирана од EB110. Најочигледната промена е во предниот дел, каде формата на ветробранското стакло е комбинирана со тенките хоризонтални LED фарови и малата предна воздушна решетка.
Задниот крај е дефиниран со високо позиционираните задни светла и статичното задно крило, поставени над масивниот дифузер и вентилирачката решетка, која помага во ширење на големото количество на топлина генерирана од W16 моторот.
Centodieci ќе биде изграден во само 10 примероци, во Molsheim фабриката на Bugatti, по цена од 7,3 милиони фунти.