fbpx

Прогласени финалистите за AUTOBEST 2020

Nissan Juke, Opel Corsa, Peugeot 208, Renault Clio и Škoda Kamiq се финалисти за европскиот AUTOBEST 2020

Овие автомобили ќе се натпреваруваат за наградата Best Buy Car of Europe in 2020. Жирито на AUTOBEST 2020 ќе ги направи конечните оценки и ќе ги даде своите гласови во наредните недели, а победникот ќе биде објавен на средината на декември.

“Како AUTOBEST внимателно ги следиме трендовите во индустријата и континуирано учиме од европските потрошувачи што тие бараат кога купуваат нов автомобил. Веруваме дека 5-те годинешни финалисти се израз на овие трендови, од процесот на електрификација до новите опции за финансирање”, рече Дан Варди, основач и претседавач на организацијата AUTOBEST.

AUTOBEST го промовираше и логото European AUTOBEST 2020 Finalist. Петте производители имаат право да го користат во сите свои кампањи за комуникација и промоција, пред објавувањето на AUTOBEST 2020 победникот.

AUTOBEST 2020

На 27 и 28 ноември европското AUTOBEST жири ќе отиде на Intercity Istanbul Park формула 1 патеката за финалните тестирањата. “Годинава ја избравме прочуената F1 патека покрај Истанбул. Ќе ги извршиме најдобрите тестирања на патеката и на патиштата, користејќи капацитети за тестирање од светска класа и висококвалификувани специјалисти”, изјави Илија Селиктар, соосновач и претседател на AUTOBEST жирито.

Наградата MANBEST 2019, алејата на славните, посветена на најдобрите врвни менаџери што ги имаме во индустријата, отиде кај Михаел Лохшелер, извршниот директор на Opel. “Во време кога Opel го бараше патот кон успехот, Михаел Лохшелер беше вистинскиот човек, во вистинското време, со вистинската визија и стратегија да го турка германскиот производител на автомобили во нова ера на успех. Михаел Лохшелер е првиот европски извршен директор на Opel кој успешно ја доведе компанијата до профит по скоро две децении”, рече претседавачот на AUTOBEST Дан Варди. Како потврда за неговиот успех, тој во 2019 година беше назначен за член на управниот одбор на групата PSA.

AUTOBEST 2020

Годинешната COMPANYBEST 2019 награда отиде кај Geely Auto Group. Без сомнение, Geely е најбрзорастечката автомобилска компанија во светот во индустријата позната по тоа што е исклучително конкурентна и тешка и ова е огромно достигнување за компанија основана во 1986 година од страна на визионерскиот претседател Ли Шу Фу. Денес Geely поседува автомобилски брендови како што се Lotus, Volvo, Lynk & Co, LEVC, да именуваме неколку од нив, и 9,6% акции на германската икона Daimler AG. Geely е пионер на нови марки електрични возила и решенија за мобилноста, одличен пример за тоа што значи успех во денешниот подриен свет.

SPORTBEST 2019 отиде кај F1 легендата Ники Лауда. “Нашироко сметан за еден од најголемите F1 возачи на сите времиња, Ники Лауда беше трикратен F1 светски шампион, во 1975, 1977 и 1984 година. Тој беше единствениот возач во F1 историјата кој беше шампион и со Ferrari и со McLaren, двата најуспешни конструктори во овој спорт. После повлекувањето од трките, тој стана истакната личност во формула 1 работејќи како консултант прво за Scuderia Ferrari, а потоа како директор на тимот на Jaguar Formula One и неизвршен претседател Mercedes-AMG Petronas F1 тимот.

AUTOBEST 2020

Целиот негов живот беше посветен на инженерскиот напредок што ја смени формула 1 на начин кој дефинира какво натпреварување е денес. Заради тоа, во 2019-тата, годината кога почина на 70-годишна возраст, ние му оддаваме почит на Ники е како SPORTBEST од AUTOBEST победник”, рече Герхард Кунчик, истакнат член на AUTOBEST жирито кој ја претставува Австрија и еден од најискусните европски новинари што го следат мотоспортот. Ова е првпат во 19-годишната историја на AUTOBEST жирито да одлучи да ја додели наградата постхумно.

Престижната SAFETYBEST 2019 награда отиде кај Jaguar Land Rover за ClearSight Rear View Mirror и ClearSight Ground View технологиите. Jaguar Land Rover ги воведе овие револуционерни технологии за да помогне во подигнувањето на нивото на безбедност, како за возачот така и за патниците. Овие клучни технички достигнувања обезбедуваат вистински придобивки за купувачите. Дигиталниот ретровизор го редефинира концептот што остана речиси непроменет од воведувањето во 1921 година. ClearSight Ground View е прв во светот, реализирајќи инаку невозможна идеја за транспарентна хауба, отворајќи нови граници за безбедноста на и надвор од патот.

Останатите награди DESIGNBEST, TECHNOBEST, SMARTBEST и ECOBEST ќе бидат објавени на подоцнежен датум, заедно со AUTOBEST 2020 победникот.

AUTOBEST 2020

Членовите на AUTOBEST жирито претставуваат 31 европска земја што го прави најголемо независно жири во светот според бројот на застапени земји. AUTOBEST жирито посветува големо внимание на напорите на автомобилската индустрија. Инвестициите, новите можности за вработувања, средствата одвоени за зелени технологии и поддршката на различни региони на Европа се внимателно проверени и оценети од страна на жирито. Новите автомобилски технологии и поврзаноста се исто така под лупа на жирито. Севкупно, посветуваме осум награди за овие достигнувања во следните категории: MANBEST, COMPANYBEST, ECOBEST, DESIGNBEST, TECHNOBEST, SAFETYBEST, SMARTBEST и SPORTBEST. Сега се објавени добитниците на првите четири – преостанатите ќе бидат објавени подоцна.

19-тата церемонија на доделувањето на наградите ќе се одржи во Мајнц, Германија, на 13-ти февруари 2020 година. Секоја година AUTOBEST Awards Gala манифестацијата ги обединува врвните директори на разни компании. Затоа и стана еден од единствените годишни европски настани каде конкурентите со големо задоволство се собираат на иста маса. AUTOBEST Awards Gala манифестацијата во последните 18 години еволуираше од истакната вечера на локации со пет ѕвездички до европски настан со уметнички содржини од светска класа, гурманско мени и уникатно големо финале на AUTOBEST Awards. Минатата година оваа манифестација се одржа во Брисел, Белгија.

Поврзани вести

Back to top button