fbpx

Audi A1 излезе прикриено на патот

Најмалиот модел на Audi, иако првично не беше прифатен најдобро, со време собра свои фанови, а сега очигледно се приближува времето за новата генерација

Она што го знаеме е дека Audi A1 ќе користи платформата врз која е создадено новото Polo и ќе порасне малку во димензии. Моторите се исто така релативно јасни – 1.0-литарски TFSI, 1.5 TFSI, 2.0 TFSI, како и дизел, кој сметаме дека подоцна ќе отпадне од предложената гама, поради веќе познатите причини.

Audi A1

Audi A1Дизајнот е сличен со сите други нови модели на компанијата и дели многи заеднички елементи. Особено треба да се напомене присуството на спортскиот S-Line пакет, каде ќе следат одредени модификации во однос на досегашната изведба. Внатрешноста би требало да биде иста како кај најмалиот кросовер Q2, кој треба наскоро да се појави во подготвена форма. Ние сепак, очекуваме да ја видиме и S1 верзијата која ќе биде мошне набилдана.
Audi A1

Поврзани вести

Back to top button