Škoda одбележува 70 години производство во Квасини
Годинава Škoda AUTO одбележува 70 години од стартот на производствената активност во корпоративниот комплекс во Квасини
Годинава Škoda AUTO одбележува 70 години од стартот на производствената активност во корпоративниот комплекс во Квасини.
Во моментов, во комплексот работат околу 8.000 лица, кои се одговорни за секојдневното производство на околу 1.000 возила. На почетокот на оваа година, во фабриката беше составен претставник на Škoda со реден број 2.000.000, а во блиска иднина и како резултат на континуираните инвестиции и подобрувања, капацитетот на опремата ќе биде дополнително зголемен до постигнување на годишен показател од 300.000 единици.
Škoda AUTO
Првиот автомобил кој Škoda го произведува во Квасини е Superb, а по неа на склопување се нашле иконите за брендот, модели како FELICIA (1958 – 1964), 110 R Coupé (1970 – 1980), PICK-UP (1995 – 2001), првата и втората генерација на SUPERB, ROOMSTER и YETI. Во моментов, во Квасини се одвива најголемата модернизација на центарот, што ќе доведе до пораст на годишниот капацитет на фабриката во следните неколку години. Во комплексот се произведуваат Superb, Kodiaq и Karoq, како и SEAT Ateca.