ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Škoda се покажа како премногу успешна за VW групата

Фолксвагеновите директори и синдикатите со загриженост развиваат план за „борба против конкуренцијата” од Škoda

Ројтерс објави дека некои од мерките се трансфер на дел од чешката продукција во Германија и зголемување на цените за Škoda за користење на технологијата што доаѓа од групата VW. Истото тоа ќе важи и за MQB платформите, кои исто така доаѓаат од Германија.

Проблемите произлегуваат од подобра продажба и развој на Škoda. При што чешката компанија нуди квалитетни возила пропорционални на оние од Volkswagen, но по пониски цени. Во исто време, VW се бори со последиците од глобалниот скандал Дизелгејт, што значи милијарди евра загуба.

Škoda Karoq

Сепак, овие VW планови, најверојатно, ќе се соочат со сериозен отпор во Чешка, како и во компанијата. Премиерот на Чешка веќе изјави дека нема да дозволи извоз на било кој дел од производството на компанијата во странство. Затоа што ако се случи нешто слично, компанијата ќе мора да ги намали најмалку 2.000 работни места, што е национален проблем.

 

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker