ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Топ 10 најдобро продавани модели во Европа

Според Focus2Move, најпродаваниот европски автомобил продолжува да биде Volkswagen Golf, со вкупна продажба од 356.153 единици во првите осум месеци од годината

Интересна ситуација, легендарниот модел, го забележува најголемиот пад на побарувачката во Топ 10 на европски најпреферираните автомобили, а сепак е на челната позиција на која е веќе со децении. Повторно со намалување, од само 0.8%, или пласирани 255.195 единици, на второ место и натаму останува, како од стартот на годинава, Volkswagen Polo, а на третата позиција, со завиден раст од 11,3%, или пласирани 246.813 единици е Renault Clio. Во Топ 10 на најпродаваните нови автомобили во Европа од почетокот на годината влегуваат исто така и Nissan Qashqai (+ 7.1%, 189.822), Ford Fiesta (-7.3%, 188.777), VW Tiguan (+ 61.2%, 175.939), Škoda Octavia (-2%, 174.189), Opel Astra (+ 2.1%, 172.484), Opel Corsa (-8.4%, 171.682) и Ford Focus (+ 5.5%, 169.570).
Focus2Move
Податоците на Focus2Move покажуваат дека Seat Ateca (+ 1.359% или 46.007 единици) е најбараниот модел на крајот на првите осум месеци од годината, по што следеа Fiat Tipo (+ 173%), Peugeot VW Tiguan, Lada Vesta (+ 45.6%), Citroen C3 (+ 43.4%), Renault Megane (+ 42.6%), Mercedes GLC (+ 39%), Nissan (+ 37.7%) Volvo XC60 (+ 31%)…
Focus2Move

Клучни зборови

Поврзани вести

Close