Новиот Kia Xceed претставен во Македонија
Вечерва во салонот на Kia Motors Македонија, официјално беше претставен целосно новиот Kia Xceed
Целосно новиот Kia Xceed вечерва ја доживеа својата промоција и во нашата држава. Четвртиот член на семејството Ceed беше претставен пред нашата јавност во салонот на Kia Motors Macedonia. Станува збор за компактен кросовер позициониран помеѓу моделите Stonic и Sportage, кој е конструиран на механичката платформа на Ceed.
Ова е модел од кого самиот производител очекува многу, бидејќи комбинира практичност на спортски теренец со спортски карактер и управливост на хечбек. Новиот кросовер, кој е спортска алтернатива на традиционалните спортски теренци, нуди споредливо ниво на пространост, наменет за патниците и багажот.
Модерна внатрешност
Kia Xceed доби уште една новост како прв Kia модел, а тоа е целосно новата дигитална 12,3-инчна инструмент табла Supervision, наменета за што е можно појасно прикажување на информациите. Со екран со висока резолуција (1920×720 пиксели) дигиталните инструменти го заменуваат традиционалниот мерач на брзина и бројчаник на минати километри кои се дел од постоечката понуда на Kia.
Ентериерот на Kia Xceed е конзистентен со останатите членови на Ceed семејството, со таа разлика што покрај дигиталната инструментација, тука е и големиот, опционен екран на допир со дијагонала од 10,25 инчи кој се наоѓа на врвот од централната конзола, а поддржува Android Auto и Apple CarPlay.
Современ и динамичен дизајн
Стилски, со изразен современ дизајн, новиот Kia Xceed е 85 милиметри подолг од хечбекот Ceed и 90 милиметри пократок од Sportage. Неговата максимална висина на покривот е 1.495 милиметри, што значи дека е за 48 милиметри повисок од Ceed i 155 милиметри понизок од Sportage, што на возачите им овозможува понизок центар на гравитација од повисокиот сродник и нешто повисока положба од обичниот Ceed.
Kia Xceed доаѓа со веќе познатите бензински и дизел мотори. Понудата стартува од три-цилиндарскиот 1.0 Т-GDi турбо бензинец од 120 коњски сили, преку 1,4-литарскиот T-GDi четири-цилиндарскиот мотор од 140 коњски сили, па до 1.6 T-GDi мотор од 204 КС.
Дизел понудите ги сочинуваат 1,6 литарските CRDi мотори од 115 и 136 коњски сили, додека за следната година се најавени и 48-волтни mild-hybrid, како и Plug-in хибрид модели. Инаку, со сите мотори, освен со најслабиот 1.0 Т-GDi се испорачува или 6-степен мануелен или 7-степен автоматски менувач со двојна спојка. Составот старт/стоп (ISG) е дел од стандардната опрема кај сите изведби и модели.
Почетната цена на новиот Kia Xceed изнесува 18.550 евра. За повеќе информации обратете се во салонот на Kia Motors Macedonia или посетете ја нивната веб страна www.kiamotors.com.mk