Следната генерација на Nissan Qashqai ќе добие два хибридни погони
Следната година, популарниот јапонски SUV ќе добие и своја трета генерација, која наводно ќе биде понудена и со два хибридни погони
Третата генерација на Nissan Qashqai ќе биде основана на најновата CMF платформа на Renault-Nissan алијансата, која е креирана да подржува електирифицирани погони. Првиот хибриден погон достапен со новиот Qashqai ќе биде ePower системот на Nissan и ќе биде конвенционален хибрид. Втората варијанта ќе биде plug-in хибриден систем позајмен од Mitsubishi, кој користи бензински мотор како генератор за полнење на батеријата што го напојува електричниот мотор.
„Ја истражуваме ePower технологијата за Европа. Најголема разлика во овие генератори е возењето по автопат. Во Јапонија движењето на едно возило е обично со брзина помеѓу 80 до 105 km/h. Во Европа, овие бројки растат на 130 до 135 km/h. При вакви брзини, батеријата значително брзо се троши, па мора значително многу да се работи на продолжување на опсегот, односно да се најде начин да се задржи енергијата и да се добие поголема ефикасност“, изјави Понц Пандикутира, потпретседател за одделот на планирање на производите на Nissan Europe.
Интересно е тоа што Пандикутира додаде дека Nissan нема посебно да се фокусира на plug-in хибридните модели, а како проба на системот ќе го воведе во идниот Qashqai. Според него, оваа технологија е само „мост“ до целосно електричните модели, кои во наредните две до четири години ќе бидат уште поисплатливи со намалувањето на цените на батериите.
Освен новите погонски системи, новиот Qashqai ќе ги добие најновите ProPilot автономни системи за возење на Nissan, како и пакет дополнителни функции за поврзување. Визуелно, автомобилот ќе добие модерен и позрел дизајн од својот претходник, а се очекува да доаѓа и со слична големина.