И најлуксузните модели на струја?!
Британскиот производител на луксузни автомобили Rolls-Royce нема да заостане зад светските трендови во индустријата и е подготвен да понуди електромобил, изграден на најновата генерација на моделот Phantom
Ова го изјави за Car and Driver, генералниот директор Торстен-Милер Етвос.
Шефот додаде дека најлуксузниот автомобил на планетата Rolls-Royce Phantom ќе добие верзија на струја при смената на генерациите. Новата платформа на која ќе биде изграден следниот Phantom е така дизајнирана што овозможува поставување на електричен мотор и батерии. Интересно е дека во Rolls-Royce намерно „пропуштаат“ еден фаза – онаа на хибриди и директно ќе се насочат кон електрични остварувања. Во британската компанија, исто така, се на мислење дека системите за автономно управување сеуште не се соодветни за нивните модели и ќе се насочат кон нив, дури кога тие се докажат како безбедни, сигурни и лесни за употреба.
– Сето тоа зависи од напредокот во оваа област. Ние преферираме да почекаме додека системите за автономно движење станат доволно разбирливи за нашите клиенти, одговори Милер-Етвос на прашање дали Phantom ќе добие системот за адаптивна круз контрола, која се става на последната генерација на BMW 7. – Може да ја преземе контролата од возилото за одреден временски период.
Како дополнување топ-менаџерот истакна дека електричните автомобили на Rolls-Royce се задолжителна мерка. Ова се однесува особено за големите градови, каде властите се подготвуваат да го забранат користењето на автомобили со мотори со внатрешно согорување.