fbpx

Шпиунски фотки од новиот модел на Cupra, Formentor 2021

Претставен во форма на Formentor концептот претходно оваа година, првиот самостоен модел од Cupra влезе во фаза на тестирање, а сега се појавија и првите шпиунски фотографии

Сестринскиот бренд на Seat, Cupra, конечно ќе се појави со својот самостоен модел, Formentor, кој ќе се појави на продажба кон средината на следната година. Ова е втор продукциски модел под брендот Cupra, по Cupra Ateca, но прв кој нема да биде базиран на модел од Seat.

Криејќи се под мноштвото камуфлажа, овој автомобил многу наликува на концептот, со изменет заден дел. Кабината остана скриена од објективот, а се очекува да биде слична на концептната, со самостоен инфозабавен систем со 10-инчен екран и дигитална инструмент табла.

Formentor основните поставки ќе ги дели со моделот Seat Ateca, иако е поширок и подолг од него. Двата автомобили се засновани на MQB платформата, а најверојатно ќе делат и 2,0-литарски четирицилиндричен мотор со турбополначи кој произведува 300 КС. Се очекува да има и хибридна верзија, како што имаше и концептот.

Поврзани вести

Back to top button