Volkswagen го претстави ограниченото издание на Arteon R-Line Edition
Volkswagen за купувачите во Европа подготви богато опремен Arteon R-Line Edition кој ќе биде понуден во само 250 примероци
Една година по претставувањето на слично опремениот каравански Passat со ознаката R-Line Edition, кој на купувачите во Европа им беше понуден во 2.000 примероци, во Volkswagen сличен рецепт искористија и во случајот со својот најголем и најлуксузен модел Arteon, но споменатиот автомобил овојпат ќе го понудат во само 250 примероци.
Како и Passat, и Arteon R-Line Edition со себе носи посебна сива боја на каросеријата (Moonstone Grey), а црната боја своето место го пронајде на покривот и 20-инчните алуминиумски тркала. Во стандардната опрема во овој случај е сето она што VW го има на својата подолга опциона листа, заклучно со патничкиот простор обложен со кожа и дигитална инструмент табла.
Arteon R-Line Edition ќе се нуди само во комбинација со силен 2,0-литарски четирицилиндричен турбобензински (190 и 272 КС) и турбодизелски мотори (190 и 240 КС), а за преносот на силата на двете осовини (4 Motion) задолжен е 7-степениот автоматски менувач со две спојки (DSG).
Првите испораки за купувачите започнуваат следниот месец, а за најповолната верзија на овој Arteon кој се напојува со 2,0-литарски турбобензински мотор со 190 КС во Германија треба да се издвојат 55.970 евра.