Таварес ги „сече“ трошоците на Opel
Главниот извршен директор на PSA Group, Карлос Таварес, најави „сечење“ на трошоците во Opel, објаснувајќи дека трошоците за производство во германската компанијата се поголеми за 50% од оние во Peugeot и Citroen
– Впечаток е дека многу од проблемите се должат на фактот дека кај Opel доста работи надминуваат прифатливи граници. Компанијата троши премногу енергија, а производните процеси не се доволно ефикасни, објасни Карлос Таварес за весникот Die Welt.
-Треба да сме многу поефикасни во сите наши активности. Автомобилската индустрија сè уште одделува премногу отпад и ја загадува природата.
Карлос Таварес
PSA го купи Opel од GM во почетокот на годината. Според многу аналитичари санацијата на брендот неизбежно ќе доведе до загуба на работни места. Французите веќе најавија дека ќе користат сопствени технологии и платформи за идните модели на Opel. Таварес додаде дека планираните програми за развој на брендот ќе бидат финансирани, дури кога новиот сопственик ќе се убеди дека тие ќе доведат до профит.
PSA веќе најави дека планира да скрати 400 работни места во британската фабрика на Vauxhall – марката која GM ја продаде заедно со Opel на PSA.