fbpx

Следи поспортско BMW M2

BMW продолжува да работи на хардкор верзија на својот најмал претставник од М одделот - моделот М2

Шпиунско видео покажува дека машината ќе добие многу поагресивен преден дел во споредба со стандардниот модел. Како и круто задно антикрило. Ако прелиминарните детали околу возило се вистинити, тогаш ќе располага со моќност од околу 450 КС. Кои ќе го претворат во најмоќниот и најбрзата варијанта од целото семејство Series 2. Сè уште не е познато какво име BMW ќе му даде на својот модел, бидејќи неодамна беше објавено дека ќе се врати CSL индексот. Претходно, тоа беше додатокот GTS.

Каква и опција да изберат Германците, според неофицијалните информации новината ќе биде готова во пролетта 2019 година, кога ќе стартува производството. Предвидени се само 1.000 единици, со можност за максимална индивидуализација, секоја со прилично „солена“ почетна цена.

Поврзани вести

Back to top button