Lamborghini има големи планови за 2020 година
Италијанскиот производител на супер спортски автомобили, Lamborghini, има големи планови и амбиции за престојната година
Обожавателите не се воодушевени со фактот дека италијанскиот бренд најверојатно ќе го пропушти престижниот саем во Женева од 5 до 15 март. Меѓутоа, утеха сигурно ќе пронајдат во известувањето на Lamborghini за бројните самостојни случувања на кои ќе ги претставуваат своите модели.
Lamborghini зад себе има рекордна година со 8.205 продадени единици, што е дури 43 проценти повеќе отколку во 2018. година. Најголемиот придонес го донесе првиот SUV на Lamborghini, Urus, со дури 4.862 продадени примероци. Втор на листата е Huracan со V10 мотор со 2.139 продадени модели, а трет е Aventador со V12 агрегат кој е испорачан за 1.104 купувачи ширум светот.
Lamborghini најмногу го купуваат Американците (2.374 во 2019 година), додека далеку зад нив се првите следбеници Кинезите со 770 возила, потоа Британците со 658 и Јапонците со 641 купени возила. Поради одличните резултати Lamborghini ги испланира новите модели во оваа година, пред се Urus ST-X.
Од компанијата уште претходно најавија хибридни варијанти за новите генерации, што значи наследници на моделите Aventador и Huracan. Италијанската компанија веќе ги започна своите планови за електрификација со моделот Sian FKP 37, нивниот најмоќен сериски автомобил досега.
Сепак, се огранични на само 63 возила по цена од огромни 3.000.000 евра.