fbpx

Еден од само шесте Mansory Lamborghini Aventador Carbonado изгоре во Прага

Постојат супер автомобили, а постојат и тјунери за кои ваквите возила се вистински предизвик и за поголема сума ги претвораат во вистинска егзотика

Еден од таквите примери е и Lamborghini Aventador Carbonado со каросерија направена целосно од кабронски влакна која притоа е и проширена со цел да може да добие специјални алиминиумски тркала од 20 и 21 инчи.

Притоа 6,5-литарскиот V12 атмосферец е опремен со Twin-Turbo технолгоија, па така силата од сериските 700 порасна на неверојатни 1.250 КС. Ваквиот Aventador може да достигне до 380 километри на час, а до „стотка“ стигнува за само 2,5 секунди.

Lamborghini Aventador

 

Меѓутоа, лоши вести пристигнуваат од Чешка каде еден од само шесте направени примероци од Mansory Lamborghini Aventador Carbonado, секој со цена од 1.000.000 долари, целосно изгоре во тунелот Бубенеч во Прага, а што останало од некогаш блескавиот спортист сведочат фотографиите кои ги снимија припадниците на градската противпожарна служба.

Штетата е проценета на 220.000 долари, а за среќа, освен материјална штета, никој не е повреден. За предизвикување на пожарот се сомневаат во технички дефект.

Поврзани вести

Back to top button