Jaguar Land Rover прави седишта кои симулираат одење
Дизајнерите на престижниот производител на автомобили сакаат проблемите на своите клиенти да ги сведат на минимум со новата технологија
Овие седишта би требало позитивно да влијаат на здравјето и кондицијата на нашето тело. Голем број возачи по подолго патување чувствуваат болки во умбалниот дел од ‘рбетот и рамењата. Стручњаците советуваат чести паузи во токт на подолгите делници, со цел да се избегнат воспалувања и повреди, кои настануваат поради неудобните седишта.
Конструкторите на компанијата Jaguar Land Rover смислија нов тип на автомобилски седишта. Иновативниот производ го стимулира движењето на мускулите како оние кои настануваат во текот на одењето.
Седиштето во моментов се тестира во одделението на компанијата задолжено за производство на ентериерот на возилото. За време на возењето истото се движи со цел да создаде вибрации кои симулираат чекорење. Со тоа се намалува здравствениот ризик од долго седење зад воланот. Седиштето се прилагодува на анатомијата на телото на секој возач и патник.
Според податоците на Светската здравствена организациј, повеќе од една четвртина луѓе на планетата (околу, 1,4 милијарди) премногу време поминува во седечка положба. Тоа предизвикува сериозни оштетувања на мускулите на нозете, деформитет на колковите и ‘рбетот. Професионалните возачи особено се загрозени од овој ризик, бидејќи работниот ден го минуваат зад воланот во подолг временски интервал.
Jaguar Land Rover сака да го подобри здравјето на своите клиенти
Иновативната технологија е дел од проектот Destination Zero, со кој Jaguar Land Rover сака да го унапреди здравјето на своите клиенти. Истражувањето е насочено кон пронаоѓање на решение кое ќе ја унапреди сообраќајната култура со елиминација на штетните плинови, несреќи и гужви на патиштата. Стручњаците од компанијата претходно работеа на укинување на мачнините за време на возењето. Со користењето на ултравиолетови зраци спречуваа ширење на вируси и настинки.
„Зравјето на нашите клиенти и вработени е во фокусот на истражувачкиот проект на компанијата Jaguar Land Rover. Ги користиме сите расположливи знаења за да направиме идеално седиште, кое ќе спречи ревматски заболувања кај клиентите. Користиме иновативна технологија која до денеска не најде примена во автомобилската индустрија. Со тоа сакаме да спречиме здравствени проблеми кои погодуваат огромен процент од светската популација“, објасни главниот доктор на компанијата Стив Ајли.
Инаку, седиштето треба да функционира на тој начин што блага струја ќе биде пуштена низ вашите мускули која ќе симулира контракција како кога се движите или трчате. Се претпоставува дека ќе постојат различни модови кои ќе ви овозможат симулација на одење, џогирање и спринт, така што во вашето возило ќе имате и некоја доза на трнеинг.
Во компанијата велат дека е потребно да се направат уште многу истражувања пред ваквите седишта да се вградат во новите модели, но дека иднината и здравјето на човекот лежат во ваквите идеи.