fbpx

Mercedes со први официјални фотки од прототипот на електричата S класа

Германскиот производител Mercedes ги објави првите официјални фотографии од прототипот на моделот EQS кој е всушност електричен пандан на S класа

Mercedes потврдува дека EQS влегува во производствена фаза како дел од следната генерација на S класа, а производителот од Штутгарт ги објави и првите фотографии од камуфлираниот прототип, заедно со концептниот модел, од кого новиот EQS очигледно „влече“ доста елементи во својот дизајн.

Германскиот гигант сака да го постави својот EQS директно наспроти Tesla Model S како директен конкурент на пазарот, со цел да добијат дел од колачот и во овој се поголем сегмент на автомобили. Освен Model S, како сериозен ривал се истакнуваат и Porsche Taycan и Audi e-tron Sportback.

EQS би требало да се најде во продажните салони од 2021 година, кога ќе се приклучи на остатокот од електричната гама на Mercedes која во тој момент би требало да ја сочинуваат EQA и EQC. Споменатите електрични седани ќе имаат важна улога кога станува збор за алтернативните модели на германскиот гигант. Но, за разлика од EQA и EQC, новиот EQS ќе користи сосема различна и нова платформа под името MEA – Modular Electric Architecture.

Mercedes со нова платформа за електричните модели

MEA е предвидена исклучиво за електричните модели и ќе ја сочинува базата на идната офанзива на германскиот премиум производител во оваа класа на автомобили.

Самиот изглед на прототипот EQS дава своевидно навестување дека електричниот модел ќе биде далеку попростран во внатрешноста на кабината во однос на класичната S класа. Доколку се изостави централниот тунел, како и далеку помалата хауба како што е случајот кај конвенционалниот модел, се дава впечаток дека простор во кабината ќе има во изобилие.

Иако засега нема никакви информации и детали околу перформансите, се очекува EQS да користи погон на два електромотори, по еден на секоја осовина. Вкупната моќност би требало да надминува 400 КС. Се верува дека EQS ќе поседува батерија со капацитет од 90 kWh, а проценките во врска со автономијата на овој автомобил се движат од 400 до 600 километри домет.

Електричниот пандан на S класата ќе се произведува во фабриката во Синделфинген, во близината на Штутгарт.

Поврзани вести

Back to top button