fbpx

Hyundai со тизер скици од новиот i20 пред дебито во Женева

Hyundai потврди дека новата генерација на моделот i20 ќе биде претставена на Саемот во Женева, а како најава ги објави фабричките цртежи од автомобилот

Hyundai i20 ќе биде уште еден од моделите кои официјално ќе бидат претставени за еден месец во Женева. Корејскиот бренд одлучи да ги лансира првите дизајнерски скици за својот пулен од B сегментот. Покрај модерниот изглед новиот i20 ќе се одликува и со унапредена верзија на актуелната платформа, како и поголема внатрешност со изменет управувач, дигитална инструмент табла и нов инфозабавен систем.

Hyundai i20 ќе биде првиот модел на брендот кој на европскиот пазар ќе се појави со новиот корпоративен дизајнерски јазик под името Sensuous Sportiness, по примерот на најновите модели на јужнокорејската компанија, така што не зачудува тоа што i20 изгледа навистина атрактивно.

i20

Она што е интересно е дека задниот дел делува прилично масивно на една од скиците, но се претпоставува дека Hyundai ќе ја задржи традиционалната хечбек форма. Корејскиот производител исто така најавува дека новиот модел ќе го краси целосно нов ентериер, со акцент на 10,25-инчните екрани, едниот како инструмент табла, а другиот како инфозабавен систем.

Официјалните детали Hyundai допрва треба да ги објасни, а според неофицијалните информации, во гамата на мотори би требало да се најдат, меѓу останатите, и 1,0-литарскиот трицилиндричен турбо и 1,2-литарскиот атмосферски четирицилиндричен бензинец. Кога станува збор за менувачите, тука се мануелните 5 и 6-степени менувачи, како и 7-степениот DCT со двојна спојка.

Постои најава и за спортски Hyundai i20 N со 1,6-литарски турбо мотор и околу 200 КС, кој ќе се одликува со спортски систем на потпирање, унапредено управување, посилни кочници, спортски издувен систем, електронски преден диференцијал, атрактивен body kit пакет и спортски ентериер со нов управувач и седишта.

Поврзани вести

Back to top button