Hyundai гради водородна инфраструктура за камиони со горивни ќелии

Во 2020 година првите камиони на горивни ќелии на Hyundai H2 Xcient ќе бидат доставени во Швајцарија

Електричниот камион на горивни ќелии Hyundai H2 Xcient располага со 190 kW (258 коњски сили) систем со водородни горивни ќелии, односно со две куќишта на горивни ќелии од 95 kW кои се поврзани паралелно. Седумте резервоари со водород, со капацитет од 35 kgH2 овозможуваат опсег на возење од над 400 km. Првите 50 камиони со горивни ќелии ќе бидат доставени во Швајцарија во 2020 година, а до 2025 година ќе има вкупно 1600 камиони.

Со цел да се обезбеди производство и снабдување со водород, Hyundai Hydrogen Mobility кој претставува заедничко вложување на Hyundai Motor Company и швајцарскиот експерт за водород H2 Energy, влезе во стратешко партнерство со Hydrospider.

Hyundai

Од крајот на 2019 година, Hydrospider, кој е заедничко вложување на H2 Energy, швајцарскиот снабдувач на енергија Alpiq и Linde Group, ќе произведува водород во новата постројка за електролиза од 20 MW. Електричната енергија ќе ја обезбеди Alpiq од хидроелектраната во Гаше.

Заедничко вложување за изградба на водородна инфраструктура

„Преку ова партнерство помеѓу Hyundai Hydrogen Mobility и Hydrospider, Hyundai Motor ќе ги понуди своите електрични камиони со горивни ќелии во специјално дизајниран екосистем”, вели во Чеол Ли, извршен заменик претседател и менаџер на одделот за комерцијални возила на Hyundai Motor. Покрај тоа, заедничкиот проект кој вклучува сопственици на бензински станици и партнери од логистиката и трговијата, ќе воспостави водороден екосистем низ цела Европа.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close