fbpx

Раст на продажбата на електрични возила во ЕУ, дизелите се непосакувани

Во Европската унија продажбата на електрични возила скокна за 4,4 проценти во однос на изминатата година

Според информациите на ACEA (Европската асоцијација на автомобилски производители) барањата за електрични возила пораснале за 81 проценти во последниот квартал од 2019 година, односно побарани се 156.805 автомобили.

Хибридните возила и понатаму го сочинуваат мнозинството од алтернативните возила во Европската унија и тоа со раст за 69,2 проценти во однос на идентичното тримесечје во 2018 година што исто така е големо поместување.

Уште пред да се воведат новите стандарди за емисиите, новите електрични возила стануваа се попопуларни и попопуларни, што доволно говори што посакуваат луѓето, а како главна причина за дотогашната слаба продажба се наведува недостатокот на избор од странана произведувачите.

Со сите овие бројки, се наведува дека 3,7 проценти помалу дизел возила се продадени во ЕУ, а дека има 29,5 проценти помалку регистрирани дизел автомобили. Франција, Германија, Романија, Шведска, Унгарија, Белгија и Словенија имаат некој незначителен број на купени дизел автомобили, но и понатаму најзастапени се бензинските возила, судејќи по ЕУ пазарот.

Поврзани вести

Back to top button