fbpx

Електричниот Ford Mustang Mach-E ќе пристигне најпрво во Европа

Иако се очекуваше електричниот Mustang Mach-E најпрво да се појави во САД, сепак Европа ќе ја има честа прва да го види новиот автомобил на Ford

Откриени се нови детали за електрифицираниот Mustang, откако на неодамна одржаниот саем во Чикаго, член на Mach-E Club форумот имаше чест да разговара со Џејсон Мејс, човекот задолжен за маркетинг стратегијата за електричните автомобили на Ford. Она што е најинтересно е фактот дека Mustang Mach-E најпрво ќе биде виден во Европа, па дури потоа во Соединетите Американски Држави.

„Државите како Норвешка ќе бидат првите кои ќе го имаат Mustang Mach-E“, порачал Џејсон Мејс. Сепак, оние кои Mustang веќе го нарачале, а живеат во САД, нема долго да чекаат на испораката бидејќи се очекува првите модели да пристигнат на нивните адреси веќе во април.

Кога станува збор за самиот автомобил, од Ford велат дека новиот електричен агрегат ќе произведува 439 КС и максимален вртежен момент од 830 Nm, а дека со целосно самостојната батерија од 98,8 kWh возачите ќе можат да поминат 378 километри. Првите модели ќе се појават на европскиот пазар во рок од неколку месеци, додека подоцна ќе започне и продажбата во Северна Америка.

Mach-E со богата понуда за купувачите

Mustang Mach-E е модерен кросовер со агресивна предна линија и целосно затворена решетка. Опкружен е со LED светлосни единици и спортски долен браник кој го прави овој автомобил да изгледа агресивно и робусно.

Агресивниот дизајн продолжува и кон задната страна бидејќи Mach-E има аеродинамично ветробранско стакло, спортска линија на покривот и благо накривување на површината. Моделот исто така може да се пофали со испакнати задни браници, спојлери и скриени рачки на вратите кои носат допир на луксуз и повисока класа.

Во внатрешноста на Mach E, возачите ќе можат да го приметат и познатиот волан на Mustang зад кој се наоѓа самостојната 10,2-инчна дигитална инструмент табла. Тука е и 15,5-инчниот инфозабавен систем чувствителен на допир, кој на возачот, но и совозачот им овозможува да ги контролираат сите функции во возилото. Елегантната контролна табла со витки отвори за воздух и алуминиумската облога е уште еден детал кој привлекува внимание и кој прави во овој автомобил да се чувствувате луксузно и отмено.

Поврзани вести

Back to top button