fbpx

Ford Mustang на легендарниот Стив Меквин продаден за 3,7 милиони долари

Ford Mustang GT, кој сега е рекордер според аукциската цена, во 1968 година беше дел од филмот Bullitt во кој го возеше легендарниот Стив Меквин

Веројатно најпознатиот филмски автомобил на сите времиња, Bullitt Mustang, во својата оригинална состојба се продаде на аукција која се одржа во Флорида за сума од 3,74 милиони долари, што претставува нов рекорд, откако претходната рекордна цена на оваа аукција ја имаше автомобилот Shelby GT500 од 1967 година кој беше продаден за 2,2 милиони долари.

Со оглед на неговата цена, јасно е дека не станува збор за „обичен“ автомобил. Овој Ford Mustang е преработен со цел да има запазена улога во филмот Bullitt. За потребите на филмот, автомобилот има засилен состав на амортизери, нешто посилен и погласен мотор и додатоци на кои можеле да се постават камери.

Менаџерот на аукциската куќа Дејвид Мортон изјави дкеа станува збор за највисока цена која Ford Mustang ја достигнал некогаш на некоја аукција, а името на купувачот не е јавно објавено.

На снимањето на филмот Bullitt се користени два автомобили кои Меквин ги возел во текот на целиот филм, плус автомобил за легендарниот висок скок кој воглавно се користел за каскадерските филмски кадри.

Најпознатата холивудска бркотница со автомобили

Станува збор за еден од најпознатите автомобили во историјата на американскиот филм. Автомобилот со зелена боја (Highland Green) и црн тапацир кој веќе започнал да се распаѓа, се појавува во десетминутна секвенца во филмот додека вози низ улиците на Сан Франциско.

Меквин бркотницата со автомобилот ја сними со отворен прозор за да се види дека тој лично е зад воланот. Во филмот го глумеше бескомпромисниот полициски поручник Френк Булит, кој брка криминалци кои возеа црн Dodge Charger од 1968.

По користењето за потребите на филмот, автомобилот е продаден на еден детектив од Њу Џерси, за во последните 46 години да биде во сопственост на истото семејство кое и сега го даде на аукција, а во 1974 година го купиле за 3.500 долари. Се зборува дека автомобилот во 1977 година се обидел да го купи и самиот Стив Меквин, но тогашните сопственици не сакале да го продадат на легендарниот актер и тркач со автомобили.

Поврзани вести

Back to top button