Токио 2017: Mazda покажува каква ќе биде идната „тројка“
Mazda го претставува концептот Kai во рамките на салонот во Токио, а според она што го навести јапонската компанија ова е претходник на следната генерација на Mazda3
Димензиите на Mazda Kai се 4.420 mm должина , ширина 1.855 и 1.375 mm височина. Прототипот е 55 mm подолг, 60 mm поширок и 75 mm понизок од сегашниата петвртана изведба на Mazda3. Разликата во меѓуоскиното растојание е 50 mm во корист на концептот.
Mazda KAI Concept
Компанијата не нуди никакви технички детали за прототипот. Сепак, беше наведено дека е изграден на SkyActive платформата и е опремен со бензински мотор SkyActive-X. Овие мотори ќе бидат ставени на автомобилите во 2019 година, а разликата со сегашните е што се со ниски оптоварувања и нема да користат свеќички за да стартуваат. Во моментот дизел моторите работат на овој принцип.
Друга цел на Mazda Kai е да ја прикаже новата верзија на главниот дизајнерски стил на компанијата- KODO. Тој, исто така, ќе се користи за создавање на модели за иднината.