fbpx

Automechanika и APRA Europe во соработка за промоција на префабрикувањето

Во соработка со APRA, Automechanika Франкфурт ќе ја претстави темата за префабрикување како дел од специјалниот „Automechanika Remanufactoring Day“

Automechanika започнува партнерство со Меѓународната асоцијација за префабрикување (remanufactoring) на автомобилските делови (APRA). APRA е основана во САД во 1941 година и е единственото глобално здружение на компании во секторот на автомобилска префабрикување. 120 од приближно 600-те членки на асоцијацијата можат да се најдат во Европа аде се застапувани од APRA Europe базирана во Брисел. APRA ги застапува интересите на ремануфактурната индустрија

„Со APRA обезбедивме стручен партнер кој е еден од најважните организации во секторот на префабрикување. Во време кога климатските промени и заштитата на околината се најголема грижа за сите, кружната економија и префабрикувањето се поважни од било кога“, изјави Олаф Мусхов, директор на Automechanika Frankfurt.

За да се привлече вниманието на оваа тематика на Automechanika Frankfurt, специјално е изработено зелено префабрикувано лого кое ќе биде поставено директно на штандовите за да се идентификуваат изложувачите кои ќе нудат таков тип на производи.

Посетителите исто така ќе можат да дознаат за најновите настани во индустријата преку специјализирани презентации на Automechanika Remanufactoring Day, кој ќе дебитира како дел од Automechanika Academy. Експертите и инсајдерите во индустријата ќе можат да очекуваат интересни дискусии со учесниците, проследено со одлични можности за понатамошно вмрежување.

Што е префабрикување (remanufactoring)?

Кога станува збор за префабрикувањето, тоа е стандардизиран процес во кој деловите на автомобилите се реконструираат во исто толку добра или уште подобра варијанта од оригиналот со еквивалентни перформанси. Процесот гарантира дека сите технички спецификации, вклучително дизајн, квалитет и стандарди за тестирање се задоволени. Како резултат, индустриски префабрикуваниот дел исто така доаѓа со иста гаранција како нов дел, при што префабрикуваниот дел е јасно идентификуван ако таков и се дава името на производителот на префабрикантот.

Овој процес е добар за околината и за климата, бидејќи префабрикувањето ги намалува емисиите на CO2 за милиони тони ширум светот секоја година. Даниел Колер, претседател на APRA Europe, го поздравува новото партнерство со Automechanika.

„Префабрикувањето е без сомнение една од најодржливите деловни активности на модерната економија: споредено со производството на нови делови, префабркувањето користи речиси 90 проценти помалку материјал, ја намалува емисијата на CO2 за над 70 проценти и бара 55 проценти помалку енергија“, изјави Колер.

Automechanika Frankfurt ќе се одржи во периодот од 8 до 12 септември 2020 година.

Поврзани вести

Back to top button