Токио 2017: Nissan претставува еден од најважните модели во историјата
Јапонскиот производител на Nissan Motor официјално го претстави концептот на електричен кросовер опремен со автономна систем за контрола
Автомобилот под името Nissan IMx Concept, својата премиера ја имаше на отворањето на саемот во Токио.
Nissan IMx Concept е идентификуван како еден од најпопуларните модели во историјата на компанијата. Се очекува голем дел од технологијата во него да биде употребена при следната генерација на Nissan Juke, а засега претставници на производителот одбиваат да коментира за сличен развој на работите. Според официјалните соопштенија, Nissan IMx Concept може да патува околу 600 km со едно полнење. Основата на прототипот е сосема нова платформа, за која јапонските инженери работат веќе неколку години. Таа ќе се користи за целото семејство на сосема нови електрични автомобили.
Nissan IMx Concept
Концептот електричен кросовер има голема кабина, низок центар на гравитација и ветува импресивно ракување. Од Nissan велат дека ова е многу „паметен електричен автомобил”. Тој не само што може да користи електрична енергија туку и да ја создаде. Воедно да надополнува недотсток од истата за домот на неговиот сопственик. Моќта на машината е обезбедена од два електрични мотори – по еден на секоја оска. Нивната вкупна моќност е 320 kW (435,07 КС), а максималниот вртежен момент е 700 Nm. Кросоверот има обновен систем за самодвижење на Nissan ProPilot.
Тоа е толку развиено што воланот може да се повлече и електричното возило може да се движи без никаква помош од возачот. Покрај тоа, автомобилот наоѓа слободни места за паркирање и може да разменува информации и со други возила. Nissan IMx Concept нема конечни познати елементи за инструмент-таблата. Ова решение се уште се тестира. Главна идеја е да се направи сè што е полесно за возачот и патниците.