Kia во соработка со Rimac ќе прави електричен автомобил со високи перформанси
Првиот електричен автомобил под името на јужнокорејскиот производител Kia би требало да биде возило со исклучителни перформанси
Kia покажува дека има сериозни намери и планови кога станува збор за електричните автомобили. Автономијата од 500 километри и супербрзото полнење на батеријата од 350 kW се само дел од ставките кои овој автомобил ќе го направат сериозен конкурент на веќе етаблираните имиња во индустријата, а за таа цел јужнокорејската компанија ќе соработува со хрватски Rimac.
Идниот автомобил на Kia ќе се базира на концептот Imagine, кој јужнокорејската фирма го претстави на минатогодишниот Саем во Женева. Шефот за планирање на производи, Пабло Мартинез Масип, истакна дека „Kia ќе има 800 V технологија како Porsche Taycan и дека посакуваат производ кој ќе може да ги искористи предностите на нивната IONITY мрежа на полначи кои овозможуваат полнење до 350 kW“.
Во Kia планираат да започнат соработка со Rimac за производството на својот нов електричен автомобил со високи перформанси. Знаејќи го фактот дека Porsche за Taycan ја користи напредната технологија од 800 V, а има соработка со Rimac, се очекува хрватската компанија истата технологија да ја испорачува и до Kia.
Во практична смисла, полнењето при 350 kW за идниот Kia Imagine значи отприлика помалку од 20 минути полнење за веќе максимален домет од преку 500 километри. Тие бројки претставуваат фелксибилност на електричниот автомобили многу блиску до онаа која се сретнува кај бензинците и дизелите.
Kia ќе го базира новиот автомобил на Imagine концептот
Говорејќи за блиската иднина, треба да се напомене дека Kia својот производен „топ модел“ заснован на Imagine концептот планира да го лансира во 2021 година. Возилото освен исклучителен домет и опции за супербрзо полнење ќе има и исклучителни перформанси, слично како и кај најдобрите автомобили на Tesla. Еден од водечките луѓе на Kia во Европа, Емилио Ерера, вели:
„Она што го сакаме од Rimac е елементот на перформанси кај нашите автомобили. Погледнете ги перформансите и забрзувањето на Tesla, неверојатно е. Не е дека сакаме да одиме до иста мерка, но желбата ни е да понудиме перформанси кои нудат возубудвање и забава во возењето. Тоа е она што Rimac може да ни го пружи“.
Kia до 2025 година планира да лансира 11 нови електрични автомобили, а производната верзија на Imagine концептот е првиот чекор во таа насока.