fbpx

Citroën подготвува конкуренција за Golf и Focus

Француската компанија за производство на автомобили Citroën потврди дека работи изработка и развој на нов хечбек модел од C сегментот

Од Citroën наведуваат дека новиот модел кој го развиваат ќе започне да се продава веќе кон крајот на годината, а главната цел на Citroen е да произведе автомобил кој ќе претставува голем конкурент и достоен ривал на Volkswagen Golf и Ford Focus, а на француската компанија во прилог и одат и одличните резултати од продажбата во претходните шест години, со цел истите да продолжат и во следниот период

Citroën го повлече од продажба стандардниот C4 хечбек во 2018 година, а во исто време го „ублажи“ изгледот на моделот C4 Cactus со цел да ја пополни настанатата празнина. Планот на компанијата беше да се произведе кросовер автомобил кој ќе биде попривлечен за купувачите, но во реалноста се доби модел кој на крајот остана недефиниран кога станува збор за идентитетот.

Новиот автомобил на Citroën ќе биде достапен со бензински, дизел и целосно електричен погон, потврдија од француската компанија, потврди директорката на одделот за производство и стратегија Лоренс Хансен. Традиционално кога станува збор за Citroën, нивниот фокус ќе биде насочен кон удобноста на автомобилот, а токму тоа е една од причините за усвојување на електричниот погон. Инаку, она што би требало да помогне во продажбата на електричниот хечбек е фактот дека првиот човек на компанијата најави дека PSA групацијата во тој сегмент ќе има само еден EV и тоа токму овој модел од Citroën.

Citroën ќе лансира и електричен MPV

Лоренс Хенсен истакна дека дизајнот на новиот автомобил ќе биде помалку авангарден во однос на C4 Cactus, но новиот модел сепак нема да биде типичен хечбек и дека ќе има повисока силуета. Тоа истакнува дека Citroën ќе се одлучи за новата тактика на автомобилските производители за SUV лик кај обичниот хечбек, како што е случајот кај Ford Focus Active и Kia XCeed.

Новиот шеф на Citroën, Винсен Коби, истакна дека од наследникот на C4 Cactus имаат големи очекувања, а освен новиот хечбек, Французите најавија и целосно електричен Spacetourer, односно MPV возило. За овој модел засега се знае многу малку и претставниците на Citroën остануваат мистериозни за тоа прашање, потврдувајќи само кратко дека електричниот MPV ќе има моќ да пренесе до девет патници.

Поврзани вести

Back to top button