fbpx

Fiat го претстави електричниот 500е

Италијанскиот производител Fiat понуди ново решение за градската мобилност со претставувањето на електричната верзија на моделот 500

Fiat го прошири семејството на својот култен модел 500 со електрична верзија која ќе се произведува во Торино, а зад ознаката 500e се крие познатиот популарен безвременски облик кој доби благо редизајнирана каросерија поради потребите за електрификацијата, а во овој случај моделот е шест сантиметри подолга од верзијата која се напојува со конвенционален мотор на внатрешно согорување. Дури и меѓуосовинското растојание е зголемено за 20 милиметри (232 сантиметри).

Fiat 500e мина и низ редизајн на внатрешноста каде сега се наоѓа 10,25-инчен екран чувствителен на допир од инфозабавниот систем, а 500е се напојува од електромотор кој развива 118 КС, благодарение на кои од нула до „стотка“ стигнува за девет секунди, додека максималната брзина е 150 километри на час. Од Торино соопштуваат дека според WLTP стандардите, батеријата има капацитет 42 kWh што е доволно да се минат 320 километри со едно полнење. За полнење на батерија преку обичен домашен приклучок потребни се 14 часа, а со полнење преку 85-киловатниот полнач целата процедура трае далеку пократко, па така за 80 проценти од капацитетот се потребни 35 минути. Благодарение на овој брз полнач, се овозможува полнење на батеријата за минување на 50 километри за само пет минути, колку што е просечната дневна дистанца која урбаните возачи ја минуваат.

Fiat нуди три режими на возење за 500е

Многу пореално е сопствениците почесто да го користат приклучокот Easy Wallbox кој поседува 7,4 kW. Со неговата употреба, батеријата во целост се дополнува за шест часа, што го прави идеален за користење преку ноќ. Инаку, Fiat на своите возачи ќе им понуди три режими на возење. Покрај стандардниот кој е наречен Normal, а кој овозможува возење на она кое го нуди конвенционалниот автомобил, тука се и режимите Range 500 и Sherpa. Првиот режим Normal, нуди возење со употреба само на педалата за гас, додека секое тргнување на ногата од гаста предизвикува полнење на батеријата. На кочницата се смета само во екстремни ситуации. Sherpa режимот е замислен на тој начин на возачот да му ја олесни мачната ситуација со недостатокот на енергија во батериите, со цел да стигне до станицата за полнење. Во овој режим е минимизирана потршувачката на струја, а брзината е ограничена на 80 километри, а притоа се оневозможува вклучувањето на греење на седиштата и уредот за климатизација.

Fiat

Првото издание на 500e пристигнува со богата опременост

Fiat првото издание на 500e (La Prima) ќе го нуди со збогатено ниво на опрема, а цената ќе изнесува 37.900 евра. Најпрестижната верзија која ќе ја понуди производителот веќе може да се нарача. Првите 500 планирани примероци кои ќе го носат овој назив ќе пристигнат со LED светла, кожни седишта, 17-инчни алуминиумски тркала, хромирани детали на каросеријата и сите расположливи системи за асистенција на возачот. По почетниот период, во салоните ќе се појават и помалку престижните варијанти, а во гамата ќе се приклучат и примероците со цврст покрив за оние кои не се импресионирани од кабриолетите.

Треба да се напомене исто така дека актуелната генерација на конвенционалниот Fiat 500 ќе остане во понудата и во следните неколку години, одлука која е израз на автентичниот дух на италијанската автомобилска компанија, која спротивно на трендот, ретко ги менува генерациите на моделите кои ги има во понудата.

Новиот Fiat 500 е поставен на нова, специфична платформа. Носи некои нови технологии за мултимедијалниот систем, како што претставува и нови системи за асистенција на возачот. Ќе биде понуден единствено во форма на електричен автомобил, а во продажните салони ќе се појави во текот на следното лето.

Поврзани вести

Back to top button