Lamborghini произведе 9.000 единици Huracan
Еден од двата модели на Lamborghini што се продаваат, наскоро ќе биде најпроизведениот во историјата на компанијата
Тоа е Huracan, кој веќе е произведен во над 9.000 единици, за само три години откако ена пазарот.
Титулата за најдобар произведен автомобил на Lamborghini ја држи Gallardo со малку над 14.000 примероци, но оваа бројка е резултат на цели 11 години на склопување. Ако ја следиме логиката, тогаш за помалку од две години Lamborghini Huracan ќе го надмине пласманот на Gallardo. За жал, тоа може да биде краткорочна радост за спортскиот модел.
Lamborghini Huracan
Причината е дека од следната година на производствените ленти ќе се најде и SUV изведбата- Urus, која се очекува да сочинува околу 50 проценти од вкупното производство на компанијата. Во 2018 година Италијанците планираат да направат 1.000 примероци од Urus, а во 2019, уште 3000. Целосно е можно до крајот на животниот циклус на моделот тој да се претвори во најпроизведуваниот модел на брендот.