fbpx

Assetto Corsa Competizione пристигнува како најреалистична тркачка симулација

505 Games ја претстави новата верзија на Assetto Corsa Competizione која ќе пристигне на 23 јуни оваа година за Xbox и Playstation

Оваа игра пристигнува на Xbox One и Playstation 4 конзолите на 23 јуни годинава, а и покрај тоа што овие конзоли се приближуваат кон крајот на својот век и наскоро ќе излезат новите верзии, од 505 Games се решени да ја објават својата игра која ја сметаат за најреалистичниот тркачки симулатор досега понуден на било која платформа. Assetto Corsa Competizione е официјалната игра на GT World Challenge серијата, па во играта ќе бидат понудени автомобилите од оваа серија. На располагање се 24 возила, а моделите пристигнуваат од производителите како Aston Martin, Porsche, Ferrari, Audi, Lamborghini, BMW и многу други.

Исто така, Assetto Corsa Competizione нуди целосен и правилен избор на World Challenge патеките, вклучително Silverstone, Brands Hatch, Nurgburgring GP, Spa Francorchamps, Laguna Seca и други. Со оглед на тоа дека оваа игра се декларира како тркачки симулатор, ќе можете да пронајдете и повеќе од 200 различни тркачки бои и комбинации за автомобилите кои на возилото ќе му дадат реален тркачки изглед. Играта нуди и преку 120 тимови и 200 возачи што создава вистинска атмосфера на GT3 Championship.

Assetto Corsa Competizione ќе се продава за нешто помалку од 40 долари, а веќе сега се достапни нарачките за демо верзиите.

Поврзани вести

Back to top button