fbpx

Hyndai со официјална премиера за новата генерација на Elantra

Hyundai официјално ја претстави новата, седма генерација на Elantra на светската премиера во Калифорнија

И покрај тоа што купувачите упорно и се повеќе се насочуваат кон компактните кросовери, Hyundai се уште гледа потреба за обновување на својот бестселер кај седаните, а има и добра причина за тоа. Hyundai во новата генерација на Elantra додава големо количество на нова технологија која обично е резервирана за поскапите возила од повисоките сегменти, со што дефинитивно ќе го привлече вниманието на купувачите.

Со новата генерација на Elantra, јужнокорејската компанија на најдобар можен начин ја одбележува 30-годишнината на овој модел, откако првата генерација се појави во 1990 година. Hyundai за најновата Elantra го предвиде Parametric Dynamics дизајнерскиот јазик, помодерна внатрешност која вклучува дигитална инструмент табла, унапреден инфозабавен систем од 10,3 инчи, Apple CarPlay и Android Auto. Новата генерација на Elantra пристигнува со пониско тежиште, подобрени возни карактеристики, нови алуминиумски тркала… Сепак, најзабележително кај новата генерација на Elantra e нејзиниот дизајн.

https://www.youtube.com/watch?v=M3xPFPjGcsU

Драстично променет дизајн

Hyundai драстично го промени изгледот на Elantra во однос на редизајнот од минатата година. Така, сега наместо „шпицестиот“ изглед, Hyundai носи помазен и поелегантен дизајн делумно инспириран од Sonata. Ова исто така е благодарение на новата платформа на која е поставена Elantra, со што се издолжува меѓуосовинското за 2,5 сантиметри, а автомобилот е подолг за 5 сантиметри од претходно. Кога станува збор за димензиите, новата Elantra е 56 милиметри подолга, 25 милиметри поширока и 20 милиметри пониска од актуелниот модел. Новата Elantra e поширока и пониска, но и со пократок преден надвиснат дел со цел да се трансформира изгледот. Oд Hyundai велат дека новиот достигнува естетика на четиривратно купе, што се однесува на дотераниот изглед. Како и да е, новите линии и променетиот светлосен дизајн е голем напредок за компанијата.

Дури и со понискиот покрив во стил на купе, новата Elantra ги има истите димензии кога станува збор за просторот над главите со актуелниот модел, благодарение на спуштените седишта во кабината. Просторот за нозе останува компетитивен во класата.

Најголемиот напредок е во однос на технологијата. Elantra нуди голем број на нови можности. Базичниот модел пристигнува со 8-инчен екран на допир, со стандардните Apple CarPlay и Android Auto. Моделите со повисоко ниво на опрема добиваат поголем 10,3-инчен екран кој пристигнува во комбинација со дигитална инструмент табла со истите димензии. Двата екрани се поставени под единечно стакло, поседуваат голем број на конфигурации и овозможуваат поврзување на два телефони одеднаш користејќи Bluetooth. Овој дизајн е огромен чекор напред во однос на актуелната генерација и изгледа помодерно од било кој од своите конкуренти.

Hyundai Elantra

Напредни безбедносни и системи за асистенција

Седмата генерација на Elantra се истакнува и со голем број безбедносни и системи за помош на возачот како систем за избегнување предни судири, систем за одржување на сообрајаќна лента, систем за следење на концентрацијата кај возачот, систем за предупредување за евентуален судир во слепата точка, систем за асистенција при менување на сообраќајните ленти, и така натаму…

Она што е интересно е дека Hyundai ќе ја понуди Elantra и со хибриден погон за прв пат досега. Elantra Hybrid користи 1,6-литарски четирицилиндричен GDI мотор во комбинација со електричен мотор и 1.32 kWh батериски пакет, со што се доаѓа до комбинрани 139 КС и 264 Nm, а моќноста се пренесува со шестстепениот менувач со двојна спојка. Тука е и 2,0-литарскиот четирицилиндричен мотор кој произведува 147 КС кој доаѓа во комбинација со интелигентниот варијабилен менувач на Hyndai.

Засега не е позната цената за новата генерација на Elantra, а Hyundai планира да започне со производство во Јужна Кореа кон крајот на годината.

Поврзани вести

Back to top button