fbpx

Салонот во Париз е откажан, но ќе се одржи Фестивал за автомобили

Француските и останатите европски медиуми информираа дека потврдено е откажувањето на Салонот за автомобили во Париз кој беше планиран за есенва

Откажувањето на Салонот за автомобили во Париз е уште еден удар врз автомобилските манифестации ширум Европа и светот. Сепак, тоа што салонот во својот традиционален облик нема да се одржи, не значи дека во Франција ќе нема есенски настани поврзани со автомобилите.

Организаторите на настанот објавија соопштение за јавноста во кое истакнаа: „Во светот на незапаметена здравствена криза во која во сериозна мерка страдаше и секторот на автомобилската индустрија, принудени сме да објавиме дека нема да бидеме во прилика да го одржиме Салонот за автомобили во Париз во формата на која се навикнавте во изминатите децении, односно во комлексот на Версајското пристаниште“.

Ова е сосема јасно дека Салонот во Париз, како изложба на автомобили, во својот традиционален облик каде што посетителите можат да прошетаат низ салите и да ги погледнат изложените сериски модели и концепти, нема да постои. Но, сепак, организаторите сакаат да одржат настан кој ќе биде проследен со низа паралелни случувања.

Почетната идеја беше да се направи голем автомобилски фестивал кој би бил организиран на четирите краеви на Париз. Според моменталната ситуација, речиси сигурно ќе се одржат настани посветени на новите концепти на мобилност наречени Movin’On и Smart City, а се планира и организација на други вонградски собири. Таканаречените други настани кои ќе се одржат надвор од градот, се однесуваат на планираните тест центри и демонстрациски центри кои ќе бидат поставени надвор од саемските простори.

Салонот во Париз

Париз ја искористи шансата да го „редизајнира“ настанот

„Во моментов ги истражуваме сите алтернативни решенија кои би можеле да ја ублажат одлуката за откажувањето на традиционалниот саем и тоа го правиме во близок контакт со нашите главни партнери. Повторното воспоставување на концептот на Салонот за автомобили во Париз, кој веројатно ќе поприми фестивалски карактер кој ги слави иновативните концепти на мобилноста, нуди нови прилики. Ништо нема да биде како што некогаш беше и оваа криза мора да не направи поагилни, покреативни и поиновативни од она што некогаш бевме“, стои меѓу другото во соопштението за јавноста.

За разлика од останатите Салони за автомобили и автомобилски манифестации кои оваа година се откажани или одложени, единствено Париз ја искористи шансата одново да го „измисли“ традиционалниот саем, додека останатите „кренаа раце“ од одржувањето на конвенционалните собири.

Поврзани вести

Back to top button