fbpx

BMW го задржува својот препознатлив симбол и во електричната ера

Баварскиот производител на автомобили BMW ќе го задржи својот препознатлив знак, односно редната маска на ладилникот и кај електричните автомобили во иднина

Станува збор за едно од најпрепознатливите дизајнерски решенија во светот на автомобилската индустрија. Маската на ладилникот на BMW секако е една од најпрепознатливите, а од таа причина Баварците ќе продолжат да го користат овој „стајлинг“ во вид на двоен „бубрег“ дури и кога ќе дојде до темелна електрификација на гамата само поради препознатливоста, иако истата ќе нема практично никаква функција.

BMW во моментов настапува со три одвоени линии на возила – основни производи, високоперформансни M модели и електричниот „i“ бренд. Додека секоја од овие линии е поинаква, со различна цел и целна група на купувачи, Домагој Дукец, шефот на дизајн во BMW, вели дека компанијата не сака три раздвоени идентитети, бидејќи во секој случај на крајот станува збор за BMW автомобил. „Сакаме да ја засилиме марката со помошта на двата подбренда кои имаат две различни улоги. Тоа значи дека ’бубрезите’ ќе бидат задржани“.

Дизајнот на маската и големата на „бубрезите“ се сами по себе контроверза уште од воведувањето на освежената Серија 7 и неодамнешното лансирање на X7, кои се појавија со „хипертрофирано“ решение. Работите станаа уште пополаризирани со BMW i4 концептот, кој исто така поседува пренагласена предна маска. Со самото тоа, многумина се запрашаа што ќе биде со остатокот од понудата.

Голем дел од денешните електрични автомобили немаат традиционална маска на ладилникот како конвенционалните модели. Сепак, и на нив им е потребна извесна доза на ладење, но самата поставка овозможува послободен дизајн. Дури, лесно е воочлива разликата меѓу Concept 4 и Concept i4, каде бензински напојуваниот автомобил има поголеми отвори за ладење.

Сепак, BMW го става фокусот на повеќе електрични возила. Наскоро на сцената ќе стапи и новата Серија 4, пред истекот на оваа година, што ќе ни даде и прв поглед во новиот дизајнерски јазик на компанијата, токму кога станува збор за маската од ладилникот.

Поврзани вести

Back to top button