fbpx

VW со први официјални фотки за Nivus, наскоро и во Европа

Volkswagen Јужна Америка ги објави првите фотографии за новиот SUV Nivus наменет за пазарот во Бразил, а истиот модел идната година се очекува и во Европа

Volkswagen Nivus е се поблиску до официјалната премиера според најавите на бразилската дивизија на германскиот гигант. Веќе подолго време е познато дека Volkswagen својата гама на пазарот ќе ја збогати и со помал SUV купе модел. По Јужна Америка, поточно Бразил, каде се очекува да биде официјално претставен во јуни, овој новитет подоцна ќе се најде и на останатите пазари, вклучително и европскиот од 2021 година. Автомобилот претходно беше познат само како New Urban Coupe, а потоа беше соопштено дека неговото комерцијално име ќе биде Volkswagen Nivus.

Nivus ќе биде базиран на MQB платформата, при што бразилските сајтови посочуваат дека би требало да има меѓуосовинско растојание од 255 сантиметри, а откриен е и податокот дека ќе располага со капацитет на багажникот од 415 литри. Засега е потврдено дека во гамата ќе се најде 1,0-литарскиот TSI трицилиндерски бензинец со 128 КС и 200 Nm, а ќе биде достапен во комбинација со мануелен или шестстепен автоматски менувач. Според актуелните информации, погон на сите четири тркала нема да биде во понудата.

Nivus

Дел од опремата ќе сочинуваат и LED задни светла, 17-инчни алуминиумски тркала, мултимедијален систем, старт-стоп систем и електрично отворање на вратата од багажникот, а маскираниот примерок на првите официјални фотографии објавени од Volkswagen се одликува и голем број црни елементи како предната маска, рачките на вратата, ретровизорите, покривните носачи и така натаму…

За потребите на пазарот во Јужна Америка автомобилот ќе се произведува во Анкиета фабриката во Бразил, а во Европа за него ќе биде задолжена фабриката во Шпанија.

Поврзани вести

Back to top button