FCA подготвува урбан кросовер за Fiat, Alfa Romeo и Lancia
FCA се приклучува во „инвазивниот“ пласман на мали урбани кросовери и подготвува нов модел за 2022 година кој ќе ги опфати Fiat, Alfa Romeo и дури и Lancia
Италијанските медиуми најавуваат наплив на нови компактни модели во гамата на повеќе италијански брендови. Оваа „инвазија“ на кросовери од страна на групацијата FCA е најавена за 2022 година, а ќе опфати дури три брендови.
Но, да почнеме по ред. Најочекуваната премиера, односно деби, кое на ниту еден начин не треба да претставува изненадување. Јасно е, станува збор за втората генерација на Fiat 500X кој ќе добие технолошки решенија кои полека стануваат стандардни во гамата на италијанскиот бренд. Меѓутоа, покрај конвенционалниот SUV 500X, од Fiat треба да се очекува и наследник на Centoventi концептот.
На ред доаѓа и Alfa Romeo која откако ќе го претстави и пласира компактниот Tonale со зголемен клиренс, италијанскиот бренд ќе претстави и помал модел кој на купувачите ќе им биде понуден и во чисто електрична верзија. Иако и ваквата најава е прилично неочекувана, најнеочекувана вест е поврзана за третиот производител.
Имено, според она што се погласно се шпекулира, челниците на италијанско-американската групација FCA се впуштиле во анализа околу исплатливост на развој на уште еден урбан SUV, а би претставувал автомобил со ознаките на Lancia и би бил поставен на на корпорацискиот „близнак“ од брендот Alfa Romeo.
Официјални информации засега се уште нема, но не треба да изненади ако во периодот кој следува се слушнат се повеќе гласини, а се појават и фотографии од маскирани прототип примероци.