Alfa Romeo подготвува нов мал SUV, ќе биде достапен и како целосно електричен модел

Alfa Romeo се фокусираше на својот план за идните производи, а во следните две години ќе го претстави и својот нов мал кросовер

Новиот мал кросовер на Alfa ќе биде ривал на Nissan Juke, како и Audi Q2. Исто така, кросоверот ќе стане првиот модел на Alfa Romeo кој ќе биде достапен во целосно електрична верзија.

Италијанската компанија релативно доцна влезе на пазарот со SUV со својот модел Stelvio во 2017 година, а по него настојува да ја прошири својата SUV понуда. Свесни дека го губат уделот во пазарот и профитот, Alfa ги промени плановите за своите SUV модели, па во следните 24 месеци ќе донесе два помали модели. Првиот ќе биде верзија на концептот Tonale кој прв пат беше виден на Саемот за автомобили во Женева, а по него ќе следува помалиот кросовер.

Alfa Romeo

Неодамнешното обединување на сопственикот на Alfa, групацијата Fiat Chrysler Automobiles и PSA групацијата на компанијата Alfa Romeo ќе и овозможи пристап до сите неопходни механички компоненти потребни за целосно електричен кросовер, кој брзо би се нашол на пазарот.

Неофицијално, идниот кросовер ќе ја користи CMP платформата која е база за Peugeot e-208 и Opel Corsa-e. Моментално оваа платформа може да прими литиум-јонска батерија од 50 kWh и еден електричен мотор на предната осовина, а максималниот домет е околу 322 километри.

Со оглед на тоа дека станува збор за компактен кросовер од B сегментот, тешко е да се верува дека Alfa нешто ќе менува за да добие погон на сите четири тркала, а и самиот автомобил ќе биде наменет за градските улици. Тоа ќе помогне и цената да биде пониска.

Прв целосно електричен модел на Alfa

Освен електричната, Alfa Romeo ќе понуди и верзија со конвенционални мотори. Се очекува 1,2-литарскиот трицилиндричен мотор кој ги напојува актуелните Corsa и Peugeot 208. Со тоа трошоците ќе бидат дополнително намалени, а моделот побрзо ќе се најде на пазарот.

Меѓутоа, дизајнот ќе биде уникатен. Кросоверот ќе има тенки предни светла и трапезоидна решетка на ладилникот, а неговата должина ќе изнесува околу 4,1 метар, со што ќе им парира на моделите како што се Audi Q2 и Nissan Juke.

Моделот кој ќе го „претрка“ споменатиот електричен мал кросовер ќе биде целосно новиот SUV Tonale, кој ќе биде ривал на Audi Q3 и BMW X2. Ќе биде долг 4,25 метри, а продажбата се очекува кон крајот на оваа година. Целосно електричната варијанта нема да биде достапна, туку моделот ќе има plug-in хибриден погон кој го има и Jeep Renegade.

Ова ќе биде првиот електрифициран модел на Alfa, а ќе се напојува од комбинација на 1,3-литарски бензински мотор и електричен мотор поставен на задната осовина. Овој модел ќе има погон на сите четири тркала.

Меѓу моделите кои пристигнуваат до 2022 година ќе бидат и обновената Giulia и Stelvio.

 

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close