fbpx

McLaren повлекува повеќе од 2.700 автомобили поради страв од пожар

McLaren е принуден да отповика и да повлече неколку свои автомобили, вклучително и моделот Senna, а причината е ризик од пожар

Поради ризикот од пожар McLaren повлекува повеќе од 2.700 свои автомобили вклучително и моделите 720S, 570 GT и Senna.

Во соопштението на Националната администрација за безбедност на автопатиштата се наведува дека материјалот под резервоарот кој се користи за звучна изолација може да задржува влага и со текот на времето може да изгние, а тоа би можело да доведе до протекување на горивото кое на крајот би можело да резултира со пожар.

Автомобилите во понудата на McLaren кои немаат ваков изолациски материјал не се повлечени. Меѓу повлечените автомобили се 500, односно сите произведени примероци на моделот Senna.

Ова не е прв пат моделот Senna да се најде во центарот на вниманието поради пожар. Минатата година еден примерок се запали само 11 по купувањето. Инаку, Senna се напојува со 4,0-литарски twin-turbo V8 мотор кој развива 790 КС кој доаѓа во комбинација со седумстепен менувач со двојна спојка. За спринтот од нула до „стотка“ потребни се 2,8 секунди, а максималната брзина изнесува 340 километри на час.

Поврзани вести

Back to top button